Autor:
Marija Gjorgjieva Dimova
E-adresa:
marija.gorgieva@gmail.com
Klasifikacija:
izvorni znanstveni članak
Sažetak
Предмет на интерес на овој текст се метафикционалните елементи во романите
Нишан (2007) на Блаже Миневски и Книга за Тара (2004) на Зденко Лешиќ. Поаѓајќи
од теориските модели на метафикцијата (Линда Хачион, Патриша Во, Марк
Кари), компаративната интерпретација на романите ќе се одвива на три
рамништа: 1. Преглед на метафикционалните теми и постапки во романите:
тематизации и демонстрации на односот книжевност – стварност, уметност –
живот, факт – фикција; техниките на „отворен диегетски нарцизам” (самосвесен
наратор,
автотематизација на пишувањето). 2. Метатекстуалните рамништа
во романите: варијантите на автореференцијално
промислување на сопствениот
наративен идентитет и метатекстуалните
варијанти на коментаторски однос
кон туѓите текстови, кон книжевната традиција и кон книжевните кодови и
конвенции. 3. Онтолошките импликации на метафикцијата во романите: функцијата
на метафикцијата во индицирање на разнишаниот онтолошки статус на
книжевноста; функцијата на метафикцијата во самосвесните проблематизаци
и
нивелации на границите меѓу световите (книжевност – стварност, факт – фикција)
и меѓу текстовите (книжевен – некнижевен, оригинал – плагијат).
Ključne riječi
постмодерен роман; метафикција; онтолошка доминанта
Pregleda:
1074
Preuzimanja:
16